Додик на средба со Путин – Редок гостин од Европа
Во моменти кога цел свет недвосмислено се дистанцира од Русија, српскиот член на Претставништвото на БиХ – Милорад Додик отиде во Санкт Петербург на Меѓународен економски форум за да се состане со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, но и со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, пишуваат српските медиуми.
Меѓународниот економски форум започна на 15 јуни и ќе трае до утре, има претставници на 70 земји, 1.000 директори на компании, но од ЕУ или од поголемиот дел од Европа нема никој. Додик е еден од ретките, ако не и единствениот европски гостин.
Политичката аналитичарка Тања Топиќ за „Нова.рс“ вели дека ова преставува „прст во око“ за меѓународната заедница.
„Додик јасно и гласно им кажа на европските официјални лица дека нема да се откаже од пријателот Путин и Русија. Неговата порака во основа е противречна, секогаш нагласува дека е за неутрална позиција на БиХ. Таа страна никако не значи неутралност“ смета Топиќ.
Додик, според неа, затоа во Брисел одби да потпише декларација за посветеноста на европската иднина на БиХ затоа што во неа стои дека потписниците ја осудуваат руската агресија на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка
Пожар избил денеска на територијата на Општина…
Лефков: Грижата на талогот од СДС и…
Венко Филипче како прв човек на СДС,…
Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…
Јас можам за прв пат да се…
Финансиска полиција: Сопственик на фирма осомничен дека…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно…
Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…