Додик: Не можат да ме уапсат, ме чуваат добро обучени специјалци
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека не би препорачал некој да се обиде да го уапси бидејќи е заштитен од полицијата на Република Српска и од добро обучени специјални сили.
„Верувам дека не можат да ме уапсат. Според Уставот, ме чува полицијата на Република Српска и добро обучени специјални сили кои неодамна беа наградени на голем меѓународен натпревар во Дубаи“, изјави Додик за швајцарскиот неделник „Велтво“.
Станува збор за специјални сили лојални на Република Српска, кои „веруваат дека прогонот на Милорад Додик како претседател претставува прогон на Република Српска“.
„Затоа не би препорачал никому од Сараево да го проба. Ќе се браниме“, рече Додик.
Додик оцени дека Западот направил нешто добро во актуелната ситуација во Босна и Херцеговина, а тоа е да се повлече линија меѓу Република Српска и муслиманите.
„Немаме намера да одиме кај друг субјект и секој таков обид на Федерацијата Босна и Херцеговина кон Република Српска би бил осуден на неуспех“, изјави претседателот на Република Српска.
Тој потсети дека, според Дејтонскиот договор, на вооружените сили на еден ентитет им е забрането да влезат на територијата на друг ентитет, објави Срна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…
Сопственик на фирма за технички преглед на…
Управител на друштво за технички прегледи на…
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…