Додик не прифаќа британска војска во Босна

t

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека најавата на британската амбасада во БиХ дека нивната земја може да го зголеми своето воено присуство во БиХ е неприфатлива и сигурно нема да ја добие поддршката од Претседателството на БиХ.

„Верувам дека постоечкиот контингент војници во мисијата Алтеа е сосема доволен и дека БиХ нема предизвици за кои би биле потребни дополнителни сили“, нагласи Додик во изјавата за Срна.

Додик изјави дека ниту еден од легитимните претставници на мировната мисија во БиХ не зборувал за потребата од проширување на мисијата, ниту за загрозување на стабилноста во БиХ и дека не гледа причина зошто Британците би требало да дојдат.

„Затоа е легитимно, но и логично да се сомневаме во намерите на Британците кои излегоа со оваа иницијатива, особено во изборната година“, посочи Додик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снегот предизвика колапс во БиХ: Луѓето заглавени…

Снег врне во поголем дел од Босна…

Маж од БИХ скршил рампа на граничен…

Маж (22) од Босна и Херцеговина кој…

САД: Со актуелните политики БиХ е далеку…

Американскиот амбасадор БиХ Мајкл Марфи изјави дека…

Мицкоски понуди помош до БиХ за поплавите

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека остварил средба…

За каменоломот посочен како виновен за ерозијата…

Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) отвори случај…