Додик: Не сакаме муслиманска војска

t

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, истакна дека проблем во БиХ се странците, ниту избрани, ниту именувани, кои прават хаос во таа земја.

„Ние сме единствената колонија во Европа“, рече Додик во интервју за германскиот весник „Велт“.

Тој објасни дека, според Уставот, заедничкото ниво не е надлежно ниту за армијата, ниту за даночниот систем, ниту за судството и дека за тоа се одговорни субјектите.

Кога станува збор за армијата, Додик појасни дека Република Српска има уставно право на армијата и дека тоа е предвидено со Дејтонскиот договор.

Српскиот член на Претседателството потсети дека Армијата на Република Српска постоела до 2005 година, кога странците велеле дека би било подобро БиХ да има заедничка армија, а сега е сосема јасно дека тоа не било во ред.

„Ние не сакаме муслиманска војска, а во тој правец се оди. Неодамна, судот во Сараево пресуди дека војниците од муслиманска вероисповед имаат право да носат брада, дека припаднчкиите на вооружените сили на БиХ можат да се покриваат.

Европските земји го забрануваат тоа на јавни места, рече Додик и додаде дека за тоа како да се зајакне довербата во вооружените сили на БиХ ќе се разговара во наредните месеци.

Доколку се постигне договор, нагласи Додик, Република Српска би можела да остане дел од него, ако не, ќе се разгледаат други алтернативи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француски политичар: Армијата да ја одбие наредбата…

Лидерот на француската партија „Патриоти“ и кандидат…

Уапсен 30-годишен маж кој пукал во нога…

Дваесет и тригодишна девојка е ранета денеска…

Додик ќе се кандидира за претседател на…

Република Српска сака пријателски односи со сите,…

Србија ќе го враќа задолжителниот воен рок?…

Генералштабот на српските вооружени сили покрена иницијатива…

Додик планира нова посета на Москва наскоро

Претседателот на Република Српска Милорад Додик е еден од…