Објавено на:

Додик преку Русија се закани дека ќе ја затвори мисијата ЕУФОР, а Русија сега ѝ даде целосна поддршка на мисијата

t

Во хиперпродукцијата на кризите што ги создава Милорад Додик откако првостепено беше осуден пред судот на Босна и Херцеговина, во еден од своите говори и се закани на мисијата ЕУФОР со можно руско вето, сега Русија, заедно со другите членки на Советот за безбедност на ОН, ја даде својата поддршка на мисијата.

Советот за безбедност на Обединетите нации рано утринава усвои изјава за Босна и Херцеговина, во која, меѓу другото, се изразува поддршка за операцијата Алтеа на ЕУФОР, која работи во согласност со нејзиниот мандат.

За да се усвои ваква изјава, треба да се согласат сите членки на Советот за безбедност кои имаат право на вето, односно САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија. Во суштина, тоа значи дека Русија се согласи да го поддржи ЕУФОР, иако пред неколку недели Додик само се закануваше спомнувајќи ја Русија.

„Командантот на ЕУФОР може да обеси мачка за опашка со закани. Ќе побарам од Русите да стават вето за да исчезне Алтеа“, рече Додик на прес-конференцијата на 12-ти март.

После тоа, тој му се закани и на командантот на ЕУФОР Маријан Флорин Барбу, велејќи му „да не се плетка и да се врати на својот мандат“.

Значи, Милорад Додик или не побарал, или блефирал со закани дека ќе побара од Русија да го блокира продолжувањето на мандатот на ЕУФОР, или Русија го игнорираше неговото барање, пишува Кликс.

Во секој случај, ова е уште една работа што Додик неодговорно ја турна во јавната сфера и предизвика немири без никаква вистинска политичка сила зад себе, додаваат од изданието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…

Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…

Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…

Србија наскоро би можела да добие претседател…

Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…

Врховниот суд на Канада го остави во…

Со нож ја ограбил среде кафуле во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…

Американската армија онеспособила брод што се обидел…

Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…