Додик: Референдум за независност на Српска ќе има, можно е соединување со Србија
Референдумот за независност на Република Српска од Босна и Херцеговина ќе се одржи, а неговиот датум допрва треба да се одреди, изјави претседателот на Република Српска Милорад Додик во интервју за руските медиуми на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Додик не ја исклучи и можноста за идно обединување на Република Српска со Србија.
„Би било сосема природно и историски оправдано земјите во кои мнозинството од населението се Срби да се обединат во една структура и заедница, но тоа е задача на идните генерации и политичките одлуки на двете земји“, рече Додик.
Според него, има одлука за одвојување од Босна и Херцеговина, но сè уште не е одреден конкретен датум и ќе биде потребно извесно време пред да се одржи референдумот.
Додик најави почеток на преговорите за разединување, но додаде и дека е убеден оти веќе постои „историска, генерално цивилизациска зрелост и разбирање дека тоа е неопходно и ќе се случи“.
Додик претходно изјави дека властите на Република Српска ќе изготват предлог за мирно разединување на Босна и Херцеговина во рок од 30 дена.
Според неговите зборови, тоа ќе овозможи зачувување на постоечкиот модел на економско функционирање и негово прилагодување кон моделот на мирно разграничување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…