Објавено на:

Додик: Србите и Хрватите имаа тешко минато, одлуката на Загреб е неприфатлива

t

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска ја оцени одлуката на властите на Република Хрватска за забрана на доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ во Јасеновац како неприфатлива и лоша за идните односи меѓу двата народа.

„Србите и Хрватите имаа тешко минато. И едните и другите заслужуваат подобра иднина. Начинот на кој дејствуваа хрватските власти не е гаранција за таква иднина“, рече Додик.

Хрватската влада не дозволи приватна посета на српскиот претседател на Јасеновац.  Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, во образложението на забраната соопшти дека Хрватска не била официјално информирана за можната посета, но и дека посетата на висок претставник на странска држава на Јасеновац не може да биде од приватен карактер.

„Регионалната соработка и добрососедските односи не се градат со забрани туку со подадена рака. Затоа одлуката на хрватските власти е неприфатлива и несфатлива“, рече лидерот на босанските Срби.

Тој додаде дека Вучиќ е првиот претседател на Србија кој за време на неговиот мандат изразил желба да положи венец во Јасеновац и дека бил запрен во таа намера.

Вучиќ планирал покрај Јасеновац да го посети и Пакрац, а за тоа усно го информирал лидерот на СДСС Милорад Пуповац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…

СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…

Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Газдата на „Алта банка“ е приведен во…

Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…