Додик: Утре заеднички став со Вучиќ околу присуството на самитот во Тирана

t

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека утре со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе координираат заеднички став за учеството на самитот на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан, кој ќе биде одржана во вторник, 6 декември, Тирана, јавува РТРС.

Додик рече дека ставот на претседателот на Србија за одење на самитот во Тирана е многу јасен, но треба да се земат предвид и реалните околности, односно фактот дека тоа е самит на ЕУ и на Западен Балкан и дека Србија е најважната земја во регионот.

Додик изјави дека доколку претседателот на Србија не оди на оваа средба, тогаш и присуството на Република Српска во Тирана ќе биде под знак прашалник.

-Во Босна и Херцеговина има сложени процедури на овој план. Познато е дека Босна и Херцеговина има тричлено Претседателство и ако еден член не може да го стори тоа, тогаш друг оди и тоа може да биде проблем, но сето тоа ќе го координираме со претседателот Вучиќ, рече Додик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…

ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…

Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…

Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…

Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…

Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…

Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…

На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…