Доживеа голема болка: Луна Џогани го изгуби бебето
Победничката на втората сезона на Задруга Луна Џогани објави тажна вест. Имено, таа го изгубила плодот во 12-та недела од бременоста, а ги открила сите детали од овој немил настан.
За разлика од 2021 година, 2022 е многу лоша за нас. Ја изгубивме оваа бременост. Ќе го наречеме така, бидејќи беше на самиот почеток. Не поминаа ни тие 12-те недели во кои треба да зајакне плодот. Се случува луѓето да го загубат плодот во првите 12 недели. Се случува. Така е замислено, така треба да биде. Можеби не требаше толку многу да зборуваме за тоа. Така требаше, веројатно ми помина некој вирус, така тврди докторот. Бев болна, седум дена бев болна или поради патувањето, не знаев ни кога се враќав од Америка дека сум бремена – рекла Луна и додала:
Жал ми е што моравме вака да објавиме, побрзавме да ја објавиме бременоста. Животот е непредвидлив, тоа е чудо, никогаш ништо не можеш да планираш. Среќни бевме, тоа е прекрасна вест, мислевме дека се ќе биде во ред. Ни рекоа дека ќе имаме деца, ние сме млади, здрави, имаме едно и немаме причина да очајуваме и да бидеме тажни. Следниот пат кога ќе бидеме сигурни нема да трчаме да објавиме дека сум бремена. Ова ни беше лекција, нема да правиме врева, наша должност беше да ве информираме дека ја загубивме бременоста, но ќе продолжиме понатаму – најави Џогани.
Инаку, Луна неодамна имаше операција на градите, бидејќи и беше дијагностициран бениген тумор, за што јавно проговори и апелираше до сите жени редовно да одат на прегледи. Таа во јуни минатата година го роди своето прво дете, ќерката Миа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…
Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…
Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…
Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон
Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…