Доживотен затвор за загадување на животната средина: Македонија воведува ново кривично дело
Македонија првпат ќе воведе кривично дело „екоцид“, а обвинет сторител за ова дело ќе се соочи со затворска казна од 10 години до доживотен затвор, пишува СДК.мк.
Тој што спротивно на прописите, со намера да предизвика штета на животната средина, ќе преземе дејствие или ќе пропушти да преземе дејствие поради кое ќе настане сериозна или широкораспространета или долготрајна штета на животната средина, ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години или со доживотен затвор, стои во новиот Кривичен законик.
Главата 25 од предложениот Кривичен законик – Кривични дела против животната средина и природата изобилува со сериозни затворски казни за загадувачите, а докажувањето на загадување на воздухот, на водата, на почвата, природата, со новите измени се упростува.
На пример:
Тој што испушта отровни или издувни гасови, материи или јонизирачко зрачење во воздухот, водата или почвата, во најмалку двојно поголемо количество од максимално дозволеното со закон или со меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот на Македонија, ќе се казни со затвор од една година до три години“.
„Тој што испушта отровни или издувни гасови, материи или јонизирачко зрачење во воздухот, водата или почвата, во петкратно или поголемо количество од максимално дозволеното со закон или со меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот на Македонија, ќе се казни со затвор од една до пет години“.
А тој што со овие дела ќе предизвика сериозна опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителен или животински свет во поголеми размери, или на ретки видови на растенија или животни, ќе се казни со затвор од три до десет години.
Целиот текст тука
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…