Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на групата Север од третата лига донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири (32) и Ердин Арифи (18) од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот Беса – Аеродром, одигран во рамки на 8. коло од третата лига Север.
Домашниот терен на Беса во Слупчане се суспендира на 10 натпревари. Истовремено, ФК Беса согласно Дисциплинскиот правилник е должен да плати и парична казна.
„Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на сите дисциплински прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот. Ставот на ФФМ е јасен и недвосмислен: Во фудбалот нема место, ниту милост за оние што се подготвени да тепаат, линчуваат и го нарушуваат угледот на фудбалот“, соопшти ФФМ.
Инцидентот се случил по завршувањето на натпреварот во кој Аеродром победил со 2:1 на гостувањето во Слупчане. МВР објави дека двајцата тепачи биле приведени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Наскоро „Безбеден град“ ќе може да…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
(Видео) Голем пожар во Прилеп, гори депонија…
Голем пожар попладнево изби во кругот на…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Студентите бараат 200 денари за оброк, Јаневска…
Платформата „Студентарија“ очекува Министерството за образование да…