Доживотна суспензија поради сексуална злоупотреба
Британскиот тренер по атлетика Тони Миникјело денеска е доживотно суспендиран поради недолично однесување, вклучително и сексуална злоупотреба на спортисти.
Судскиот орган на Атлетската асоцијација на Велика Британија го прогласи 56-годишниот тренер за виновен по четири точки од обвинението.
Миникјело ги допирал спортистите против нивна волја, заедно со несоодветни сексуални изјави, гестови, агресивно однесување, малтретирање и емоционална злоупотреба, во период од 15 години.
Ова претставува грубо нарушување на довербата од страна на господинот Миникјело, што доведе до сериозни последици по менталното здравје на спортистите кои беа под негов надзор, се посочува во соопштението на Федерацијата.
Во соопштението здружението им се заблагодарува на спортистите кои сведочеа против селекторот, без да ги споменат нивните имиња.
Во текот на својата кариера, Миникјело беше тренер на познатата британска атлетичарка Џесика Енис-Хил, која стана олимписка шампионка во седмобој во 2012 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп вели дека САД може да извршат…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…
Закана од штрајкови во „Фолксваген“: Работниците бараат…
Работниците во „Фолксваген“ се заканија со штрајкови…
Британски авиони првпат во француска нуклеарна вежба:…
Британски борбени авиони „Тајфун“ првпат учествувале во…
Товарен брод потона крај Романија: Еден загинат…
Еден морнар загина, а тројца се водат…
Еве како полицијата во Италија се подготвува…
Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…