Докажавме дека заедно можеме да постиме, да гладуваме и да се радуваме, вели Џафери во велигденската честитка

t

„Дозволете од име на пратениците на Собранието на Република Македонија и од мое лично име да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден“ стои меѓудругото во честитката на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Празниците оваа година се поклопуваа или се менуваа едни со други наизменично и тоа побуди во секој од нас некое свечено чувство кое што охрабрува и влева надеж во подобро утре.

Постевме заедно, иако на друг начин и со различно времетраење, споделувавме ифтарски трпези заедно, со негување на обичаите и традицијата, како што било и убеден сум ќе биде и во иднина.

Само така потврдуваме на дело дека заедно можеме и да гладуваме, и да јадеме, и да се насмееме и да си ги споделиме тешкотиите низ кои што поминува човештвото. Само така сплотени можеме да носиме одлуки кои ќе значат напредок и развој на Република Македонија, нејзина економска и енергетска безбедност и безбедност на нашите граници и граѓани.

Сега, повеќе од кога било се потребни зборови на надеж, верба, меѓусебна почит и разбирање, солидарност, хуманост, пожртвуваност и сплотеност. Сега повеќе од кога било светот има потреба од тоа да бидеме подобри луѓе за себе, за сограѓаните и за нашата земја.

Ви посакувам добро здравје и благосостојба, Вам, на Вашите блиски и на сите православни верници во Република Македонија.
Честит Велигден!“ се вели во честитката на Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Благодатниот оган за Велигден и годинава од…

Претставници на грчката Влада и оваа година…

Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување…

Севселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ги повика сите…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…