ДОКТОРИТЕ ВО ШОК: Срцето му е од десна страна, органите спротивно – млад Албанец е медицински феномен
Во болница во Лондон, кај 29-годишен Албанец, кој се пожалил на здравствени проблеми, при преглед е откриено дека неговото срце е на десната страна, а и другите органи биле на спротивна страна.
Според Ора њуз случајот го открил познатиот албански кардиохирург Кристо Папа, кој живее и работи во Лондон.
-На пациентот кој има 29 години му беше констатирана дестрокардија и инверзии на абдоминалните органи од лево. Ова е редок случај, бидејќи во целиот свет може да има само пет до шест случаи на луѓе кои имаат ваков вид на телесни абнормалности, изјави доктор Папа во онлај врска за телевизијата.
Додава дека тој и колегите во болницата ќе го следат случајот со младиот човек “кој е своевиден феномен за лекарите” и посочува дека е потребна “голема внимателност и умешност при здравствените третмани”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европски е што Петар Богојески не е…
Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува…
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Прегазен пешак во Гостивар
МВР информира дека вчера попладне околу 15.15…
Цените на нафтата растат поради прекинот на…
Цените на нафтата денес малку пораснаа откако…
СДСМ предлага 12 закони од изборните ветувања…
Пратениците од СДСМ и коалицијата, денеска поднеле…