Докторите му препорачале на Трамп да намали шест килограми, модринките на рацете му биле од често ракување и употреба на аспирин
Личниот лекар на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека шефот на државата е во одлична здравствена состојба и целосно способен да ги извршува претседателските должности.
Во извештајот објавен од Белата куќа, лекарот Шон Барбабела наведува дека Трамп има силна функција на срцето, белите дробови и нервниот систем, како и добра општа физичка состојба. Трамп го извршил редовниот систематски преглед во Националниот воен медицински центар „Волтер Рид“, по што изјавил дека резултатите биле одлични.
Максимален резултат на когнитивниот тест
Според извештајот, Трамп освоил максимални 30 од 30 поени на Монтреалскиот когнитивен тест, кој се користи за проценка на менталните способности и когнитивното здравје.
Американскиот претседател, кој следниот месец ќе наполни 80 години, тежи 108 килограми, што е за околу шест килограми повеќе во споредба со претходниот преглед. Лекарите му препорачале да продолжи со мерките за намалување на телесната тежина, правилна исхрана и физичка активност.
Во извештајот се наведува и дека неговиот пулс во мирување изнесувал 73 отчукувања во минута, а состојбата на неговото срце одговара на лице кое е приближно 14 години помладо од неговата реална возраст.
Лекарите објаснија зошто има модринки на рацете
Во текот на изминатата година во јавноста беа забележани модринки на рацете и отоци на нозете кај Трамп, што предизвика бројни шпекулации за неговата здравствена состојба.
Лекарскиот тим соопшти дека модринките се резултат на често ракување со луѓе, во комбинација со редовната употреба на аспирин, кој го зема за превенција од кардиоваскуларни заболувања.
Во извештајот се наведува и дека и натаму постои благо отекување на потколениците, но состојбата е подобрена во споредба со минатата година, кога кај Трамп беше дијагностицирана хронична венска инсуфициенција.
Продолжува со терапија за холестерол
Освен аспирин, Трамп користи и два медикаменти за контрола на холестеролот. Според Белата куќа, тој ги извршил сите препорачани превентивни прегледи и вакцинации.
Трамп претходно изјавуваше дека не практикува редовно вежбање, освен играње голф, а во повеќе наврати нагласил дека не е љубител на трчање или тренинзи во фитнес-сала.
Здравјето на американските претседатели под постојан јавен надзор
Иако годишните медицински прегледи не се законска обврска, тие станаа вообичаена практика за американските претседатели. Здравствената состојба на државните лидери традиционално привлекува големо внимание во јавноста, особено кај претседатели во поодмината возраст.
Трамп моментално е највозрасната личност која била инаугурирана за претседател на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп прогласи вонредна состојба поради безбедносни ризици…
Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 август…
НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ ВО САД: Пожар и пријавено…
Пожар избувнал во Националната лабораторија „Савана Ривер“…
„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…
САД информираа неколку арапски земји од Персиски…
САД потрошиле над 47 милијарди долари за…
Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…
Трамп нуди награда од милион долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…