Објавено на:

Докторка осомничена за примање поткуп

t

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Осомничената, доктор – офталмолог при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, побарала од лице од ресенско подарок во износ од сто евра за да изврши службено дејствие кое што секако би морала да го изврши, односно да изведе операција – отстранување на катаракта кај сопругата на пријавителот.

На 16 јули, таа го повикала пријавителот на одделението за офталмологија во болницата за да ги земе парите и да закажат операцијa. Тој и дал една банкнота од 100 евра која претходно била обележана, па веднаш откако осомничената ги примила парите полициски службеници извршиле претрес и кај неа ги пронашле парите.

Ценејќи ги сите околности во предметот и законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Докторка осомничена за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против…

Млада докторка: Шест години учев ден и…

*Објава на Фејсбук на Олга Дамовска Доста…

Омилената докторка на повредените е нова директорка…

Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…

Докторка од Италија која го лекувала штипјанецот…

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница…

Изборен поткуп во Албанија, за глас се…

Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат…