Изборен поткуп во Албанија, за глас се плаќа 500 евра
Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат на 11 мај, изборната кампања официјално почна на 11 април, а веќе е регистриран и првиот случај на поткуп на гласачи.
„Во градот Љушња уапсено е лицето М.Л. за кривично дело „Активна изборна корупција“, откако на лицето М.Т. му ветил 50.000 леки (500 евра) и му ја земал личната карта за фаворизирање на политички субјект на изборите“, соопшти полицијата.
Обвинителството во Фиер денеска соопшти дека „по информации од Полицискиот комесаријат Лушња, во соработка со службите на правосудната полиција на овој комесаријат, како и во континуирана и ефикасна координација со Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал, Тирана, со примена на методи на проактивна истрага, успеале да го документираат случајот на поткуп на гласачи”.
-По извршување на првите истражни дејствија, правосудната полиција по насоки на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Фиер осомничениот е лишен од слобода. Судија на претходна постапка му одредени мерка притвор, додаваат од Обвинителството на Албанија.
Медиумите наведуваат дека притворениот” работел” во интерес на опозициската Демократска партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…