Доктор Лазаров: Тука можеш здрав да влезеш во болница и да излезеш мртов
-Јас сум дел од овој здравствен систем и навистина имав верба дека нешто ќе се смени. Тука можеш здрав да влезеш во болница и да излезеш мртов, истакна доктор Ненад Лазаров во гостувањето на Алфа телевизија каде говореше за ECrowd.mk, македонска платформа за донации и поддршка.
Прашан за тоа на кој начин како општество се доведовме граѓаните кои се болни да немаат кому да му се обратат и да мора самите меѓусебно да се помагаме, тој вели дека оваа држава е 30 години жртва на криминал и ограбување.
-Фондот за здравство е еден хибриден метастатски тумор во оваа држава кој само дренира ненормални суми на пари, а ефектуира минимално. Минатата година, половина од здравствени услуги граѓаните на оваа земја ги платија приватно. Ако тоа не е доволна причина овој народ да стане и да каже „доста е веќе“…, вели Лазаров.
Во однос на ECrowd.mk, доктор Лазаров им порачува на граѓаните да не се грижат, бидејќи тој со името и презимето стои позади тоа.
-Нема да дозволиме никаква злоупотреба, дециден е докторот кој појасни на кој начин фукционираат, како се организирани и како се прави приоритетност во однос на акциите.
Токму преку ECrowd.mk за помалку од 24 часа беа собрани паричните средства за малата Срна.
Во тек се акции за донирање за лекувањето на малите Кара и Никола, но и други акции кои може да ги погледнете на ECrowd.mk.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…
Хакиран билборд над автопат во Каиро: Наместо…
Билборд поставен над еден од главните автопати…
(Видео) Браво! Илјадници луѓе маршираат по улиците…
Десетици илјади граѓани маршираат во Тел Авив…
Јанша: Не замислувавме ваква ЕУ кога одлучивме…
Премиерот на Словенија Јанез Јанша објави листа…
Јотова ги повика европските лидери да разговараат…
Бугарската претседателка Илијана Јотова повика на обновување…