(Документи) Владата ги лаже општините и граѓаните и одбива да им помогне

t

На 17.03 до Заедницата на единици на локална самоуправа пристигнал одоговор на барањето за средба со претставници на Владата поради големата економска и енергетска криза која ја погоди државата.

Општините се соочуваат со огромни финансиски проблеми како резултат на недомаќинското работење на нивните претходници, но и со големи давачки како резултат на енормното зголемување на цените на електричната енергија.

Цената на електричната енергија во светот порасна поради поголем број на фактори. Сепак најголемо влијание на цената на домашниот пазар на електрична енергија имаше отсуството на производство на домашна електрична енергија од страна на државните енергетски капацитети како резултат неспособноста на раководните структури.

Сето ова создаде една совршена бура која ги оневозможи единиците на локалната самоуправа да навремено ги реализираат своите обврски за електрична енергија.

Со цел да им се помогне на општините, но и на граѓаните, ЗЕЛС на чело со претседателката, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска побара итен состанок со претставници на Владата за да се изнајде решение и излез од кризата.

Претседателката на ЗЕЛС, Арсовска истакна дека мора да има нормализирање на состојбите на подолг рок. Таа верува дека со соодветно субвенционирање или пак со соодветно покривање на дел од трошоците на разликата во цените на она што било пред кризата и сега од почнувањето на кризата, е можеби една од мерките која што би можела да биде преземена за помош на локалната самоуправа.

Како што ексклузивно дознава Инфомакс од Владата позитивно одговориле на барањето за средба која според официјалниот документ од Владата требала да се одржи помеѓу 21 и 23 март.

Иако вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи го ставил својот потпис на овој документ, до денес никој од Зелс не е контактиран за одржување на една таква средба.

Со ова дефакто Владата ги излажа општините, но и граѓаните кои како и секогаш ќе ги сносат последиците од неспособноста и небрижноста на централната власт.

Наместо Владата да поведе конкретни мерки за да им помогне на граѓаните, конкретни мерки превземе градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Проблемите на јавните претпријатија нема да исчезнат, тие претпријатија некој ги донел во оваа тешка ситуација. Во овој момент има обид да се менаџираат проблемите и скратени се сите непродуктивни трошици за разлика од некои институции кои во моментов се луксузираат. Сметам дека секој еден којшто ќе се дрзне да каже дека не е за доброто на граѓаните особено за една од најранливите категории како што се пензионерите да го добијат она што им било ветено не доликува на било кој одговорен функционер, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во свпето гостување во дневните вести на Канал 5 телевизија, одговарајќи на прашањето дали е добро да се носи мерката за бесплатен јавен превоз за пензионерите и покрај економската криза и проблемите со кои се соочуваат јавните претпријатија под градот.

Според Арсовска, должност на општините и јавните претпријатија е да работат во функција на граѓаните, особено на оние кои имаат ниски примања и најмногу ги чувствуваат последиците од економската криза.

– Треба да се излезе пресет на граѓаните посебно пензиониерите што имаат ниски пензии. За прв пат во Македонија сега просечната пензија е пониска од минималната плата. Функцијата на секоја власт е средствата да се вратат кај граѓаните. Секој носител на јавна функцинија треба да преземе активности во однос на граѓаните, дополни Арсовска.

На 22 октомври 2018-та година, Владата го усвои законот за финансиска поддршка на општините за отплата на заостанатите долгови.

Да потсетиме дека ова се случуваше во моменти кога економската, но и политичката состојба во цел свет беше стабилна.

Со оваа одлука секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51% од пријавените обврски.

– Средствата кои ќе се доделат на единиците на локалната самоуправа како финансиска поддршка се строго наменски и неповратни. Целта е да се зајакне фискалниот капацитет на единиците на локалната самоуправа, сервисирање на долговите и раздолжување кон стопанството – рече тогаш министерот за финансии Драган Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека освен решавање на проблемот со долговите на општините, Владата ќе воспостави механизам за спречување на акумулирање на долгови во иднина. Иако беше исплатена државната помош во мирнодобски услови, Владата никогаш не воспостави мехнизам за спречување на акумулација на долговите кај општините, а долговите достигнаа нови катастрофални нивоа за само четири години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се заканиле со огнено оружје на вработените…

Уапсени две млади лица кои со закана…

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да…

Скендер Реџепи-Зејд, пратеникот и претседател на партијата…

ЕП ги блокира преговорите за членство на…

Преговорите за пристапување во ЕУ со Грузија…

Монструм – Радовишанец со месеци силувал малолетничка..

45-годишен жител на Радовиш во периодот од…

60-годишник го фотографирал гласачкото ливче, полицијата го…

Полицијата вчера уапси 60-годишен гостиварец. - На…