(Документи) Кој се плаши од интервјуто на Инфомакс со Боки 13 – Директорот на управата за извршување на санкции не дозволува да се дознае вистината за „РЕКЕТ“

t

Koj се плаши од вистината? Веројатно оној на кој истата нема да му оди во прилог…

Но ако го земеме за пример најголемиот криминален скандал во историјата на независна Македонија, случајот „Рекет“ – вистината оди во прилог на секој еден граѓанин кој сака да живее во нормална, правна држава во која Законот е пред личните интереси на одредени поединци кои политиката ја искористија за преку криминал да ги наполнат џебовите.

Власта, потенцирам законодавна, извршна и судска се плаши од интервјуто на Бојан Јовановски со Инфомакс, да не заборавиме дека станува збор за еден од главните протагонисти во крими драмата наречена „Рекет“.

Попладнево Инфомакс доби негативен одговор на барањето за интервју со Бојан Јовановски од страна на директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски.

Причината е многу небулозна и единствено нешто кое се наведува се безбедносните причини.

Чии останува нејасно. Ако некој мисли дека Бојан Јовановски би нападнал било кој член од нашата екипа трагикомичноста на приказната нема граници.

Одоговрно тврдиме дека никој од нас нема да ја наруши ниту безбедноста на Јовановски.

Сепак тоа е што е, а јавноста веројатно ќе ја дознае вистината по потешкиот пат, но благодарение на храброста на Јовановски таа сепак ќе излезе на виделина.

И додека луѓето кои се на чело на обвинителството како Љубомир Јовевски и Вилма Русковска наместо да дојдат до главата на рекетарската шема, преку обраќања до јавноста се обидуваат да ја изземат извршната власт од учеството во рекетот на македонски бизнисмени тежок повеќе од 20 милиони евра, Бојан Јовановски полека, но сигурно ги објавува доказите за инволвираноста на високи функционери во рекет.

Да потсетиме дека неодамна Бојан Јовановски преку својот правен тим испраќа отворено писмо адресирано до Зоран Заев, Љубомир Јовевски, Вилма Русковска, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски.

-Како прво, госпоѓо Русковска, ти си должна согласно закон да постапиш и да ги гониш припадниците на кланот Заеви, без никој да ти се заканува, доколку постапуваше по закон и доколку и ти самата не си вплеткана во сите незаконски дејанија на споменатите, напиша Јовановски.

На Јовевски пак му порача да не се брука пред пензија…

Во комуникацијата со јавноста Јовановски објави скриншоти од разговор со тогашниот и сегашниот министер за земјоделие Љупчо Николовски комуникација во која се договараат за земјоделско земјиште.

Но она што беше најскандалозно во ова отворено писмо на Јовановски е сепак комункацијата на власта односно Заев и рекетирањето на бизнисменот Жарко Луковски кој од стрес и притисоци почина во текот на постапката која се водеше против него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска поскапа регистрација на возилата

Поскапува регистрацијата на возилата од денеска, поради…

Српска листа: Од доаѓањето на Албин Курти…

Нападот и грабежот на Петар Костиќ (20)…

Kурти смета дека местото на Косово е…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин…

Девет железничари во Турција осудени на над…

Судот во Турција осуди деветмина железничари на…

Заменикот МНР на Русија се закани: Полска…

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…