(Документи) Пецакот го позлатил Нефи: Милиони од шпицниот за довчерашниот “мафијаш”

t

Не ме гледај што правам, слушај што зборувам. Довчерашниот „најголем мафијаш“ во Охрид сега е добива милионски тендери од парите на охриѓани.

Нефи Усеини, поранешен советник од редовите на ДУИ во Охрид, познат „тепач“ и „мафијаш“, како што порано сакаа да го нарекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, сега добил огромна сума на пари од општината Охрид која е раководена од Кирил Пецаков, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што може да се види од јавно достапните информации на сајтот за јавни набавки, фирмата на Нефи Усеини, НЕФИ ИК ДООЕЛ увоз-извоз Охрид во две одделни набавки добила 27 милиони и 88 и пол илјади денари или над 451 ИЛЈАДИ ЕВРА!

ОСУ Св.Климент Охридски – Охрид склучило договор со НЕФИ ИК ДООЕЛ увоз-извоз Охрид за партерно и хортиклутурно уредување на дворно место во вредност од неверојатни 14.346.147,36 денари.

Договорот е склучен на 16.06.2023 и потпишан од директорката на училиштето, Светлана Велкоска.

Во продолжение детали од склучениот договор.

И тоа не е се… Истото училиште склучило договор за изработка на ограда во вредност од 4.999.138,44 денари! Договорот е склучен на 16.01.2023 и е потпишан од директорката на училиштето.

317 ИЛЈАДИ ЕВРА за ограда и хортикултурно уредување на училиште, навистина е за „машала“. Рокот за завршување на работите определени со тендерот е три месеци, но ниту училиштето ниту градоначалникот Пецаков се уште нема објавено дека нешто е направено. Дури и да е, прашање е што чинело неверојатни 317 илјади евра, дали оградата можеби била позлатена како што Пецакот го позлати Нефи?

Ова не се единствените пари кои Усеини ги има добиено од Општина Охрид и претпријатијата во Охрид.

Усеини добил 138.449,40 денари од ЈП Градски Гробишта-Охрид за Градежни материјали, 846.060,00 денари од истото претпријатие за градежни материјали, 217.637,05 денари од ОУ Кочо Рацин Охрид за Уредување на влезот на училиштето и комплетно уредување на тоалети во ООУ„Кочо Рацин“,ПУ.Долно Лакочереј, 174.522,00 денари од ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД за Градежни материјали, 1.313.600,90 денари за ОУ Братство Единство – Охрид за изведување работи за реконструкција на санитарни јазли (тоалети) во ООУ „Братство Единство“ – Охрид во училишна зграда Лескајца, 3.422.000,00 денари од ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – ОХРИД за Фракционен камен агрегат, 1.013.030,00 денари од ЈП Градски Гробишта-Охрид за Градежни материјали, 617.966,00 денари ЈП Охридски Комуналец Охрид за Набавка на градежни материјали.

Можеби на овој начин се плаќа неформалната коалиција ДПМНЕ-ДУИ во Советот на Општина Охрид. Како советниците на ДУИ гласаат во Советот можете да видите во продолжение.

Во ДПМНЕ мислењето за Нефи Усеини не било секогаш толку позитивно. Во продолжение можете да слушнете прес-конференција во партиското седиште каде Нефи Усеини се прогласува за најголем криминалец, мафијаш и бетонизатор на Охрид.

На крај, останува отворено и прашањето во чиј џеб завршуваат огромни суми на пари и дали Нефи Усеини веќе не е криминалец за ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков, како што беше во „добрите стари времиња“?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да…

Во своето обраќање на митингот во Радовиш,…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

На граница е приведен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово…

Најчевска: Алтернатива на СДСМ не е ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со свој…