(Документи) Само делегацијата од Министерство за култура за прошетката во Јапонија потроши над 3,6 МИЛИОНИ!

t

Министерството за култура потрошило 3.698.975 (три милиони шестотини деведесет и осум илјади и деветстотини седумдесет и пет) денари за патувањето на ЕКСПО 2025 во Осака, Јапонија за сместување, авионски билети и трошоци за превоз во Јапонија.

Инфомакс до Министерството за култура испрати барање за слободен пристап до информации од јавен карактер во врска со патувањето во Јапонија на ЕКСПО 2025.

Според податоците кои ги добивме потрошени се речиси 3,7 милиони денари, во овие средства не се вклучени членовите на делегацијата од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и од Владата, кои веројатно потрошиле уште толку. Од Владата и од МНР не одговараат колку потрошиле за прошетката до Јапонија, иако истото барање за слободен пристап до информации од јавен карактер е испратено и до нив.

Само за дел од сместувањата се потрошени 1.578.400 јаопнски јен, што е околу 620.394 денари.

Од Министерството ги испратија и фактури.

За авионски билети се потрошени 2.650.180 денари.

На авионските билети погоре ги има и имињата на лицата кои патувале во Јапонија.

Билетите на министерот и неговата шефица на кабинет се набавени посебно и чинат 282.700 денари.

За патување со воз платени се за министерот и шефицата на кабинет се платени 39.980 јени, односно 15.714 денари.

За хотелско сместување на министерот и шефицата на кабинет во Осака се потрошени вкупно 574.676 јени или 225.877 денари.

За сместување на министерот и шефицата на кабинет во Токио се потрошени 330.712 јени, односно речиси 130.000 денари.

Во ова не се засметани ниту дневниците на функционерите, ниту трошоците за репрезентација, и доколку има дополнителни трошоци за храна и слично.

Што корист имаат граѓаните на Македонија од ова патување се уште не знаеме, а не открија ниту од Министерството за култура. Важно е дека цели делегации се прошетаа до Јапонија и потрошија над 60.000 евра само за едно министерство. Дали уште по толку потрошиле и делегациите од МНР и Влада останува да видиме, бидејќи рокот за одговор на нашите барања истекува уште неколку денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тајфун со налети на ветер до…

Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура…

Јапонија: Евакуација за стотици илјади луѓе поради…

Стотици илјади жители на југозападна Јапонија денеска…

Хирошима ја одбележа 81-годишнината од експлозијата на…

Јапонскиот град Хирошима во четврток ја одбележа…

Бројот на жртви од земјотресот во Јапонија…

Бројот на жртви од земјотресот со јачина…

13 лица загинаа во земјотресот во Јапонија…

13 лица беа пронајдени мртви додека спасувачките…