(Документи) Седум години се криело дека водата во Гостивар е загадена

t

Водата во Гостивар не била за пиење уште во 2018 и 2019 година, покажуваат извештаи на акредитирана лабораторија, нарачани од ЈП Комуналец Гостивар.

Дел од извештаите, во кои увид имаше Инфомакс, покажуваат просуство на Ешерихија коли и останати бактерии во водата. Заклучокот од извештаите е јасен „испитуваниот примерок не ги задоволува критериумите за бараниот параметар согласно Правилник за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода (Сл. весник број 184/18 прилог 8)“.

Извори на Инфомакс од Институтот за јавно здравје потврдуваат дека со резултатите од овие извештаи бил запознаен и ИЈЗ, како и Министерството за здравство под тогашното раководство на министерот Венко Филипче.

До Институтот за јавно здравје, ЈП Комуналец Гостивар и Министерството за здравство доставивме и официјални прашања во врска со тоа како овие институции реагирале, имајќи предвид дека знаеле за овие резултати, но одговор до овој момент не добивме.

Истите бактерии кои се пронајдени во водата во Гостивар во јули годинава, ги има и во извештаите до 2018 и 2019 година.

Врз основа на официјалното соопштение на Обвинителството, анализите на водата во Гостивар покажале присуство на колиформни бактерии и зголемен број аеробни мезофилни бактерии. Овие наоди укажуваат на микробиолошко загадување на водата и можен ризик по јавното здравје.

Колиформните бактерии се група микроорганизми кои природно се среќаваат во почвата и на растенијата, но голем дел од нив живеат и во цревата на луѓето и топлокрвните животни.

Според важечките стандарди за квалитет на водата за пиење, нивното присуство треба да биде нула (0 cfu/100 мл). Секоја детектирана количина претставува предупредување дека во водоводниот систем можеби навлегла загадена вода, која може да биде површинска или поврзана со фекално загадување, поради што се потребни дополнителни проверки и мерки.

„Во отворениот канал од кој пумпите влечеле вода биле измерени 2.419,6 cfu/100 мл колиформни бактерии, што укажува на многу високо микробиолошко загадување на таа вода.
Во каптираниот дел од изворот биле измерени 39 cfu/100 мл, иако според стандардите вредноста треба да биде 0 cfu/100 мл. Овој резултат укажува дека микробиолошката контаминација била присутна и во дел од системот од кој се снабдува населението.“ стои во официјалното соопштение од Обвинтиелството.

Аеробните мезофилни бактерии не претставуваат една конкретна бактерија, туку група микроорганизми кои растат во присуство на кислород и најдобро се размножуваат на температури меѓу 20 и 45 °C.

Нивниот зголемен број во водата најчесто се користи како показател за општо микробиолошко и органско загадување, како и за нарушени хигиенски услови во водоснабдителниот систем.

Самото присуство на колиформни бактерии не значи дека сите тие се патогени, но претставува силен индикатор дека во водата може да има и други опасни микроорганизми. Консумирањето микробиолошки загадена вода може да доведе до гастроинтестинални инфекции, а симптомите најчесто вклучуваат силни грчеви и болки во стомакот, дијареја, мачнина и повраќање, покачена телесна температура, дехидратација, особено кај деца, постари лица и лица со хронични заболувања.

Директорката на јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, Артана Асани (Арта Асани), и двајца раководители добија 30 дена притвор во скопскиот затвор во Шутка. Тие се осомничени за тешки дела против животната средина и природата поради поставување пумпи кои мешале непречистена вода со водата за пиење во Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Седум години се криело дека водата…

Водата во Гостивар не била за пиење…

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар се…

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов денеска информира…

Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче…

Талогот од СДС и предавникот Филипче не…

Анализата на водата за пиење во Гостивар…

Анализата на водата за пиење во Гостивар…

Велосипедист завршил со тешки повреди по судир…

Велосипедист е тешко повреден откако се судрил…