(Документи) Уште една фирма на Анѓушев лапнала милиони евра од општините на Мицкоски – откако Владата најави заплена, Анѓушев го испумпува капиталот во Бугарија!

t

Бизнисменот Кочо Анѓушев сака целосно да ја отстапи својата компанија за трговија со електрична енергија, РЕС. Сопственоста врз РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ ДОО Скопје ќе ја преземе бугарска фирма, односно КЕР ТОКИ ПАУЕР АД од Софија, која и сега е еден од партнерите во РЕС, покрај семејната компанија Централ Инвест на бизнисменот Анѓушев.

Ова се случува само неколку месеци откако Инфомакс ја информираше јавноста дека од тендери за набавка на струја во општините каде градоначалници се лица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на сметка на компанијата на Анѓушев легнале повеќе од 5 милиони евра пари на граѓаните и неколку недели откако токму поранешниот вицепремиер Анѓушев се најде на црната листа на САД.

Имено Инфомакс пред точно два месеци пишуваше за плодната бизнис соработка помеѓу екс-вицепремиерот во Владата на Заев и општините под контрола на Мицкоски која резултираше со повеќе од два милиони евра инкасирани на сметка на фирмите на Анѓушев од џебот на граѓаните, односно од буџетот на општините на ВМРО-ДПМНЕ.

Вредноста на тендерите вкупно е од 390 милиони денари со кои “вмровските” градоначалници од десетина општини “го частеле” Енерџи Деливери Солушнс на Кочо Анѓушев.

Договор со ЕДС на Анѓушев за набавка на електрична енергија потпишале општините: Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Гевгелија, Кочани, Василево, Демир Хисар, Виница, Кратово, Петровец; Договорите од Јавни набавки можете да ги погледнете на следниот линк од веста која ја објави Инфомакс.

Неверојатни 390 милиони денари народни пари испумпани за една година од општините на ВМРО-ДПМНЕ во фирмата на Кочо Анѓушев

Но за жал оваа крими драма не завршува тука. Она што е можеби најинтересно во целата приказна е фактот што уште една компанија земала милиони евра од општините на Мицкоски, а тоа е компанијата Рењувабал Енерџи Солушнс.

Како што напоменавме покрај компанијата ЕДС на Анѓушев милиони денари од општините на Мицкоски земала и компанијата која сега Анѓушев ја продава, компанијата РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ ДОО Скопје.

Само од општина Велес  компанијата на Анѓушев заработила неверојатни 105 милиони денари или 1.7 милиони евра!

Општина Велес за набавка на електрична енергија од фирмата на Анѓушев исплатила 27.8 милиони денари.


Jaвното претпријатие Дервен кое е под директна контрола на општина Велес исплатило на компанијата на Анѓушев 16.5 милиони денари.

Училиштето Димитрија Чуповски исплатило 8.2 милиони денари.

Васил Главинов – 8.2 милиони денари.

Панко Брашнаров – 8.2 милиони денари.

Панко Брашнаров – 8.2 милиони денари.

Јавното претпријатие под контрола на општината Парк-Спорт и Паркинзи, Велес – 27.8 милиони денари.

И веројатно и самите ја приметивте тавтологијата во сумите која предизвикува дополнителен сомнеж во овие тендерски постапки.

Но тоа не е се компанијата која Анѓушев сега ја продава од општина Битола под контрола на Мицкоски има земено неверојатни 37 милиони денари или 608 илјади евра.

Поточно од ЈП Стрежево Битола 9.4 милиони денари.

А од ЈКП Водовод Битола – 27 милиони денари.

Од општина Кочани фирмата на Анѓушев има земено 5 милиони денари или 81 илјади евра.

Од општина Кавадаци Анѓушев има земено 15 милиони денари или 247 илјади евра.

ЈП Комуналец Кавадарци има исплатено 5.3 милиони евра.

ЈП Паркинг Кавадарци има исплатено 9.8 милиони денари

Општина Чашка на фирмата на Анѓушев има префрлено 5.5 милиони денари или повеќе од 80 илјади евра.

Се на се фирмата која денес Анѓушев ја продава од градоначалниците на Мицкоски има заработено неверојатни 2.7 милиони евра. Доколку ги земеме во предвид и претходните 390 милиони денари, односно 6.3 милиони евра се на се Анѓушев само за набавка на електрична енергија од општините на Мицкоски заработил неверојатни 10 милиони евра!

Имено компанијата  РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ ДОО  е поволина во сопствеништвото на компанијата Централ Инвест од Македонија која е директно во сопственост на Кочо Анѓушев, а другата половина е во сопственост на компанијата Кер Токи Пауер од Бугарија која сега во целост ја купува компанијата на Кочо Анѓушев.

Како што знаеме од неодамна екс-вицепремиерот Анѓушев се најде на црната листа на САД поради корупција .

-Соединетите Држави го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси и ја поткопа довербата на јавноста во Македонија во владините институции и јавни процеси, стоеше во соопштението.

Клучното прашање е зошто сега Анѓушев го продава македонскиот удел во неговата компанија?!

Одговорот на ова прашање лежи во најавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој ден пред Анѓушев да објави дека ја продава својата компанија најави дека набрзо црната листа на САД ќе биде инкорпорирана во македонското законодавство.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера ги претстави измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои врз лицата кои се најдоа на „црната листа“ на САД ќе се применат рестриктивни мерки и во Македонија.

Лицата кои ќе се најдат на „црната листа“ на САД за корупција, организиран криминал, злоупотреба на службената должност и хибридни закани ќе се соочат со времено престанување на функцијата која ја извршуваат, ќе им се забрани да учествуваат на тендери до правосилноста на пресудата, а останува во игра и конфискацијата на нелегално стекнат имот.

Дополнително со законските измени, обвинителството ќе мора да покрене постапка за лице кое се наоѓа на „црната листа“ на САД, доколку тоа од него го побара владата. Со започнувањето на постапката од обвинителството предвидено е да започне и постапка за конфискација на имотот на граѓаните кои се наоѓаат под санкции од САД.

Во превод новото законско решение предвидува дека Кочо Анѓушев повеќе нема да можат да земаат пари од тендери кои ги распишуваат општините на Мицкоски затоа што оваа компанија на Анѓушев во Македонија соогласно законските измени нема да може да учествува на тендери. Дополнително ќе се отвори и истрага за Анѓушев која може да доведе до заплена на имот, а имот на Анѓушеви би бил на безбедно во Бугарија, што пак упатува дека во моментов поранешниот вицепремиер го испумпува својот капитал од Македонија.

Која е поврзаноста на Мицкоски и Анѓушев!

Пријателството на Мицкоски и Анѓушев е долгогодишно имајќи во предвид дека и двајцата се колеги на Машинскиот факултет како што изјави и самиот Анѓушев во негово интервју.

-Јас сум пријател со сите. Со Заев се слушаме одвреме навреме, а со Мицкоски сме колеги на факултет седум години, работиме на истиот Институт на Машински факултет и тој е мој пријател и колега, рече Анѓушев.

Не само што тие се пријатели и колеги туку токму таткото на Христијан Мицкоски, Иван Мицкоски бил ментор на докторатот на Кочо Анѓушев, а пак токму Кочо Анѓушев бил ментор на докторотатот на Христијан Мицкоски.

Инфомакс неофицијално дознава дека поради сомнителни зделки и јавни набавки покрај Анѓушев и Мицкоски е сериозен кандидати за црната листа на САД па токму ова сега ги насочува и политички да соработуваат со цел да изградата позиција поради стравот од стратешки партнер на Македонија, САД.

Инфомакс во повеќе наврати пишуваше за тајните средби на Анѓушев со македонската олигархија кога се развиваше пеколниот план за отпуштање на повеќе од 20 илјади работници со цел креирање на социјален немир, дестабилизација на државата и уривање на Владата на Ковачевски што би го отворило патот за враќање на политичката сцена на Христијан Мицкоски.

Оваа политичката операција очигледно била финансирана од буџетот на Република Македонија преку општините кои се под контрола на Мицкоски од кои дуото испумпало милиони евра.

Јавното обвинителство е на потег

Обидот за продажба на уделот кој го поседува „оцрнетиот“ Анѓушев на бугарската компанија мора да стане предмет на истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал затоа што се работи за обид за спасување на имот за кој има сериозни индиции дека е стекнат нелегално како што посочува црната листа на САД.

 

Обвинителството треба да се позанимава и со останатите кои очигледно имаат свое учество во овој мега-скандал. Особено треба да се прочешлаат тендерите за набавка на електрилна енегрија во општина Велес кои симптоматично се со иста вредност.

Коалицијата Мицкоски – Анѓушев е последниот обид за спас на македонската олигархија која 30-тина година брутално го краде сопствениот народ. Тука нема идеологија, тука нема проекти и иднина за државата туку станува збор за очајнички обид за спас на сопствените глави затоа што САД очигледно се решение да расчистат со корумпираната политичка елита која 30 години ја уништува македонската држава и сопствениот народ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…