(Документи) Jaдете пијте, народ плаќа: Марко Колев потрошил илјадници евра народни пари во кафеана….

t

Илјадници евра пари на граѓаните од општина Велес и Марко Колев за јадење, пиење и сместување завршиле на сметка на Хотел Романтик на Велешко езеро.

Соогласно податоците достапни на страницата на Отворени Финансии, Општина Велес има исплати до Хотел Романтик во вредност од неверојатни 800 илјади денари или приближно 13 илјади евра пари на општината кои се потрошени за јадење и пиење во периодот од 2022 до 2024 година.

Но тоа не е се бидејќи општина Велес, односно лично градоначалникот Марко Колев е потписник на договор кој е објавен на страницата за Јавни Набавки со Хотелот Романтик.

Договорот е во вредност од 600 илјади денари, а потписник е лично градоначалникот.

Oна што е интересно е што соогласно договорот 200 илјади денари се наменети за хотелско сместување, 200 илјади денари се јадење и пијалок и 200 илјади денари се одвоени за кетеринг, односно шведска маса.

Како прашање кое следно се наметнува е која причината за исплата на дополнителни 800 илјади денари за угостителски услуги ако веќе бил склучен ваков договор со градоначалникот Марко Колев и дали севкупно Општина Велес потрошила неверојатни 1.4 милиони денари или 22 илјади евра за две години за јадење и пиење на Велешкото езеро?!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…