(Документи) OМО Илинден Пирин со „гејм чејнџ“ бугарски документи: Самоиловата држава не е Западно бугарска туку држава на македонски словени, Миладиновци се македонски просветители

t

Прогонуваното здружението на Македонци во Бугарија, ОМО-Илинден Пирин објави шокантни документи за македонската, но и бугарската јавност.

Се работи за документи за исправки на историските читанки во Бугарија по Втората Светска Војна, поточно во 1947 година.

Во документите стои дека промените се со цел да се спречи големо бугарскиот шовинизам и се однесуваат на различни историски периоди за кои денес спорат македонските и бугарските историчари.

Во еден од документите стои дека Самоиловата држава не е Западно бугарска држава туку типична феудална држава во која доминантно население се македонските словени. Понатаму стои дека Климент и Наум се сесловенски просветители, а Кнежеството на Пребонд е првиот обид на македонските словени да создадат независна држава, а браќата Миладиновци се македонски просветители.

Овие документи ги сподели со јавноста професорката Тања Каракамишева, погледнете што пишува професорката.

Она што е клучно е што Македонија во моментов преговара за сопствената историја и за работи кои биле дефинирани пред речиси цел век.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…

Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…

Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…