Доларот ослабе во однос на еврото
НА ДЕВИЗНИТЕ ПАЗАРИ вредноста на доларот во однос на кошничката валути остана речиси непроменета минатата недела, а осцилациите на доларот најмногу зависеа од шпекулациите за тоа кога американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, остана речиси непроменет на неделно ниво, на 102,44 поени.
Истовремено, доларот ослабе за 0,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0950 долари. Сепак, курсот на доларот порасна во однос на јапонската валута, за 0,2 отсто, на 144,90 јени. Во средината на неделата доларот зајакна во однос на кошничката валути, откако беше објавено дека потрошувачките цени во САД во декември пораснале за 0,3 отсто на месечно ниво, додека тие се качиле за 3,4 отсто на годишно ниво.
Ова е повисока стапка на инфлација од очекуваното, па стивнаа шпекулациите дека ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки веќе во март. Сепак, во петокот беше објавено дека во декември продажните цени неочекувано паднале за 0,1 отсто на месечно ниво, додека пораснале за 1 отсто на годишно ниво.
Тоа ги обнови шпекулациите дека ФЕД ќе започне со намалување на каматните стапки во март, иако претставници на ФЕД велат дека се уште е рано за намалувања бидејќи инфлацијата и понатаму е висока.
Наскоро се очекува првото намалување на каматните стапки во еврозоната. Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, минатата недела изјави дека најлошото од инфлацијата веројатно помина и дека каматните стапки ќе се намалат доколку инфлацијата падне на ниво од 2 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна доларот по договорот за двонеделно примирје…
Американскиот долар ослабе во однос на сите…
Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната…
Според курсната листа на Народната банка средниот…
Доларот падна на ниво од пред четири…
Доларот се сруши на нивоа од пред…
Трамп сепак знаел што прави? ДОЛАРОТ ЕКСПЛОДИРАШЕ
Главните европски берзи остварија скромни добивки, додека…
Првите општини во Бугарија воведуваат двојни валутни…
Општинските совети во Козлодуј и Криводол станаа…