Долгот за вода може да се отплати на рати без камата: Од утре почнува аплицирање
Граѓаните од утре до крајот на март ќе можат да ги отплатат долговите за задоцнето плаќање на сметките за вода и смет без пресметана камата, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Граѓаните кои имаат долг, како што е соопштено, во овој период ќе можат да аплицираат за склучување на договори за отплата најмногу до 48 рати , а правните лица најмногу до 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес, информираат од Водовод и канализација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Ива Михаилова се појави и на БНТ…
По гостувањето во поткаст, во кое наведе…
Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…
Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…
Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
„Нвидиа“ загуби 300 милијарди долари на отворањето…
Акциите на производителот на чипови паднаа за…