Долгот на САД за првпат надмина 40 трилиони долари
Јавниот долг на САД за првпат ја надмина границата од 40 трилиони долари (околу 34,3 трилиони евра), покажуваат податоците на американското Министерство за финансии.
Вкупниот долг на крајот на работниот ден во вторникот достигнал 40,05 трилиони долари, надминувајќи ги претходните прогнози на американската влада и економските експерти.
Според експертите, меѓу главните причини за растот се царинската политика на претседателот Доналд Трамп, долгорочните обврски за социјалната и здравствената заштита, како и сè повисоките трошоци за камати.
Рекордното ниво на долгот повторно ги отвора прашањата за одржливоста на американските јавни финансии и за тоа колку долго Вашингтон може да продолжи со вакво темпо на задолжување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…