Долно Лисиче доби ново кошаркарско игралиште
Во рамките на заедничкиот проект, денеска заедно со директорката на Канцеларијата за развој на УСАИД, Дон Кармин и официјално e пуштeно во употреба новото реконструирано спортско игралиште во Долно Лисиче. Се грижиме за еднаков развој на сите делови од Општина Аеродром, а ова е еден од многуте проекти кои следат во Долно Лисиче, вели Градоначалникот на неговата Фејсбук страна.
На реконструираното спортско игралиште се собраа заедно со ученици од основните училишта „Гоце Делчев“, „Блаже Конески” и „Ѓорѓија Пулевски“, како и ѕвездите на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, Бре Ајви, Дамјан Стојановски и Хуан Дејвис, кои учествуваа во повеќе активности. Дел од нив играа кошарка на реновираното игралиште, а други садеа дрвја во паркот и возеа велосипеди. На овој начин, учениците придонесоа за заштита на животната средина и ја подигнаа свеста за потребата од поголема физичка активност.
Оваа инвестиција е вредна над 600.000 денари, а обезбедена е во соработка со УСАИД и општествено одговорна компанија. Реконструкцијата и проширувањето на кошаркарското игралиште во Долно Лисиче опфати поставување нов асфалт, нови кошаркарски конструкции, пластифицирани табли, нови кошеви и обрачи, како и клупи и канти, со што овој дел од Долно Лисиче доби целосно нов лик и подобри услови за спорт и рекреација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Жена влезе гола во фонтана во…
Необична сцена ги изненади минувачите во скопската…
Птица заглавена во моторот спречи авион да…
Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…
(Видео) Вандализам во Аеродром: Млади луѓе кршат…
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Иран го нападна аеродромот во Кувајт,…
Меѓународниот аеродром во Кувајт беше погоден од…