Домашен сок којшто е многу вкусен и здрав, а не е толку популарен: Идеален за пролетна детоксикација кој ќе го воодушеви вашиот организам
Сокот од зелка не е толку популарен како што е сокот од целер, но и тоа како е добар за целокупното здравје на нашиот организам.
Богат е со витамини и минерали како што се витаминот А, калциум и фосфор. Исто така содржи и антиоксиданти кои помагаат во јакнењето на имунолошкиот систем и ги олеснуваат воспаленијата.
Сокот од зелка има и лаксативно дејство, што значи дека е корисен за редовно празнење на цревата, односно против затвор. Содржи аминокиселина глутамин која има улога во чистењето на цревата и целиот организам, што значи дека е одличен за детоксикација.
Овој сок е многу погоден за сите оние кои сакаат да ослабнат поради тоа што содржи многу малку калории и може да се консумира во текот на било која диета.
Како да правите сок од зелка без соковник?
Прво мора да ја измиете зелката за да се ослободите од нејзините нечистотии. Потоа извадете го јадрото и грубо исечкајте ја зелката на парчиња. Откако ја исековте, ставете ја во блендер. Она што се препорачува е блендерот да го наполните до половина со зелка, а потоа да додадете малку вода.
Кога ќе завршите со мешање на состојките земете две чисти тегли. Во секоја тегла ставете околу една шолја филтрирана вода, а потоа во нив ставете го сокот од зелка.
Откако сокот од зелка ќе го оставите да ферментира три дена, мора да го исцедите. Сокот од зелка ќе биде готов и ќе може да го консумирате.
Доколку имате соковник, само исечкајте ја зелката, и ставете ја внатре, па ќе добиете сок од зелка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 24 часа уапсени 11 возачи, меѓу…
Во текот на изминатото деноноќие, на целата…
Крај на долгите редици на патарините во…
Хрватска воведува голема промена во наплатата на…
Првите километри од автопатот Прилеп-Битола се очекуваат…
Во текот на изминатото деноноќие, на целата…
Федоров планира да отпатува во САД за…
Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров…
ПЕТ-скенот е повторно ставен во функција со…
Единствениот ПЕТ-скен во јавното здравство во земјава…