Домашни и странски експерти ќе дадат целосна оценка: Завршен инспекцискиот надзор за случајот со пациентката од Струмица
Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги завршил вонредните инспекциски надзори во здравствените установи каде што била лекувана пациентката С.М. од Струмица.
Надзорите биле спроведени во Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија. Во текот на контролите биле разгледани медицинската документација и биле земени изјави од здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката.
Поради сериозните здравствени компликации кај пациентката, донесена е одлука да се спроведе и стручен надзор од комисија составена од специјалисти по неврологија, анестезиологија, гинекологија, радиологија и неврохирургија. Во комисијата ќе биде вклучен и медицински експерт од соседна држава.
Од Министерството информираа дека по завршувањето на оваа постапка јавноста ќе биде известена за наодите и заклучоците. Инаку, пациентката С.М. остана неподвижна по породување со царски рез.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…