ДОМ: Поддршка на петицијата на „Шанса за Центар“ – стоп за бетонизацијата и уништувањето на Водно

t

ДОМ силно ја поддржува петицијата за повлекување и преиспитување на Нацрт-ДУП-от за „Барутана“ и запирање на предвидената изградба во пошумените делови на Водно.

„Затоа, ги повикуваме граѓаните да ја поддржат петицијата и да се вклучат во јавната анкета за Нацрт-ДУП-от „Барутана“. Петицијата може да се потпише на следниот линк: Стоп за бетонизација на Водно. Советникот на ДОМ во Општина Центар ќе ја поддржи иницијативата и ќе гласа за заштита на Водно од понатамошна бетонизација. Во Советот ќе се заложи за повлекување и преиспитување на планот, зачувување на шумските површини и планинарските патеки и почитување на јавниот интерес“, велат од партијата.

ДОМ смета дека недозволиво е Водно да се третира како градежна парцела.

„Неговата шума е природен заштитник на Скопје и има клучна улога во спречувањето на ерозија, лизгање на земјиштето и поројни води. Особено загрижува фактот што се отвора простор за нова изградба на стрмен и пошумен терен, и покрај предупредувањата за еколошките и безбедносните ризици“, велат од ДОМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…

Трамп: Америка се врати и ѝ оди…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пред Генералното…

Потврдена цврстата основа на македонско-канадското партнерство: Муцунски…

На маргините на Генералното собрание на Обединетите…

Унгарец се обиде во две торби да…

Спречен обид за нелегално внесување на непријавени…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…