Донесени законските измени за реализација на Коридорите 8 и 10д

t

Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на  петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д.

Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со 62 гласа „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, со  63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, со 62 „за“ и 44 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, а со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Македонија, сите по скратена постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши одморот за пратениците

Со одржувањето на денешната Работна сесија на…

Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…

Отворени се огласи за пет работни места…

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…

Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…