Дописничка од Белата куќа: „Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре пред да се качиме во претседателскиот авион“
За време на враќањето на американската делегација од Кина, персоналот на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ не дозволил да се внесат никакви предмети од кинеско потекло во авионот, тврди дописничката на „Њујорк пост“ од Белата куќа, Емили Гудин, наведувајќи дека сè што добиле завршило во ѓубре пред да се качат.
„Американскиот персонал зел сè што кинеските претставници ѝ дале на делегацијата, вклучувајќи акредитации, привремени телефони и значки, и ги фрлил во корпа пред да се качи на „Ер Форс Уан“. Ништо од Кина не било дозволено во авионот“, напиша Емили Гудин денес, 15 мај, на платформата X.
Трамп беше во тридневна посета на Кина, прва посета на американски претседател од 2017 година, пренесува Танјуг.
Тој претходно денес изјави дека војната со Иран е меѓу главните теми на разговор со кинеското раководство, сугерирајќи дека Пекинг го дели ставот на Вашингтон за потребата од прекин на конфликтот и отворање на Ормутскиот теснец.
Трамп, исто така, рече дека тој и Си постигнале „фантастични трговски договори“ и дека сè уште не донел одлука за голема продажба на американско оружје на Тајван.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…