Дополнителен автобус и крводарителска акција на Матка по повод Успение на Пресвета Богородица
По повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, денеска, 28 август, во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Долна Матка ќе се одбележи манастирската слава, а за верниците и посетителите е обезбеден дополнителен превоз.
Покрај редовната автобуска линија број 60, по потреба ќе сообраќа и дополнителен автобус до Полициската станица Матка. Оттаму, посетителите ќе бидат превезувани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот.
Од сестринството на манастирот ги повикуваат верниците да се придружат на празничното одбележување.
„Со љубов ве очекуваме да ја споделиме празничната радост, литургиски, со соборна молитва и мир. Нека благословот на Пресвета Богородица биде со сите нас. На многаја лета!“ – посочуваат од сестринството.
Во рамки на одбележувањето, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организира и традиционална крводарителска акција.
Акцијата се одржува во два термини – на 27 август од 18:00 до 00:00 часот и денеска, 28 август, од 10:00 до 16:00 часот.
Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и со доброволно дарување крв да помогнат во спасување човечки живот.
Дарувај крв. Спаси живот!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…
Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…
Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…
Американските медиуми: Трамп е многу – многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…