Дополнително оптоварување: Бајден воведува нов данок за најбогатите
Во понеделник, Белата куќа ќе претстави план за воведување „минимален данок“ за милијардерите во рамките на буџетот за 2023 година.
700-те најбогати Американци за првпат ќе плаќаат директни даноци, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на пет извори и административен документ во кој весникот има пристап.
Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа и економските советници оваа есен процениле дека 400 семејства милијардери платиле просечна федерална даночна стапка од 8,2 отсто на нивниот приход, помеѓу 2010 и 2018 година. Таа стапка е пониска од стапката што ја плаќаат милиони Американци кои припаѓаат на средната класа.
Милијардерите кои плаќаат пониска стапка ќе треба да ја платат разликата меѓу досега платеното и стапките од 20 отсто, а оние кои веќе плаќаат повеќе од 20 отсто нема да должат дополнителни даноци.
На тој начин најголемиот дел од новите приходи собрани од данокот би дошле од американските милијардери, а властите проценуваат дека воведувањето на новиот данок ќе ги зголеми приходите за околу 360 милијарди долари во следните 10 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…