Досега над 40 Бугари од Скопје потврдија присуство во сабота, тврдат од фондацијата „Македонија“
Бугарската фондација „Македонија“ денеска преку социјалните мрежи упати апел до сите Бугари во Скопје да дојдат во сабота на чествувањето од 151-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.
Потенцираат дека добиле потврда од 40 Бугари од главниот македонски град дека ќе присуствуваат на гробот на Делчев.
-Апел до сите Бугари во Скопје, особено до младите: Дојдете во сабота на гробот на Гоце заедно да му оддадеме чест во 11:30 часот на паркингот на Калето. Досега над 40 Бугари од Скопје и Македонија ни потврдија дека ќе дојдат, стои во објавата на Фондацијата, при што додаваат дека и бугарски полицајци ќе дојдат во Скопје и ќе придонесуваат во јавниот ред и мир во околината на црквата Св. Спас и гробот на Делчев.
Нејзинот основач Виктор Стојанов вчера објави дека нема да има и нема да бидат дозволени никакви барикади, блокади или провокации. Тој им заблагодари на Министерствата за внатрешни работи на Македонија и Бугарија „што ќе го обезбедуваат редот и мирот за заедничка прослава на роденденот на Гоце Делчев во духот на разбирањето и пријателството“.
Стојанов не смее да влезе во Македонија бидејќи има забрана која важи до 31 јули оваа година.
Се уште нема официјална потврда дали и колку бугарски полицајци ќе им помагаат на македонските во организирањето на редот и мирот на 4-ти февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…