Досега повикани тројца македонски амбасадори на консултации
Освен Љубомир Фрчкоски, македонскиот амбасадор во ОН, новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, на консултации ги повикал и македонските амбасадори во Албанија и Италија, Данчо Марковски и Весел Мемеди, пренесува МКД.МК.
Амбасадорот од Албанија беше повикан поради скандалозните резултати со пописот и бугарската експанзија меѓу Македонците во Пустец и Голо Брдо.
Весел Мемеди, амбасадорот во Италија, беше повикан од Рим во Скопје на консултации за неговиот самостоен и некоординиран повик за употреба на пасоши со ново име, кога бараше италијанска забрана за употреба на старите пасоши.
Консултациите со Фрчкоски се закажани на 12 јули, а дали досега имало консултации со Марковски и Мемеди и што се договориле, нема информации.
Консултациите се дел од овластувањата на секој шеф на дипломатија и тие може да траат најмногу 60 дена. Во тој рок треба да се заврши постапката на сослушување и утврдување на околностите поради кои бил повикан амбасадорот. После тој рок, амбасадорот може да биде отповикан или да ја продолжи својата дипломатската мисија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Времето денес променливо облачно, попладне се очекуваат…
Променливо облачно време со сончеви периоди во…
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…