Доскорешниот директор на МРТ ќе ја раководи Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“
Екс директорот на Македонската радио-телевизија – Марјан Цветковски е избран за директор на Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, пренесува „СДК.мк“.
Оваа фондација беше формирана на 28 јануари годинава и ќе биде задолжена за координација на сите активности поврзани со подготовката и реализацијата на програмата „Скопје 2028“, како и за управување со финансиските средства наменети за проектот.
Цветковски на раководната позиција во МРТ беше од 2012 година.
Град Скопје веќе го распиша првиот конкурс за финансирање културно-уметнички проекти во рамки на „Скопје 2028“, со вкупен буџет од 300.000 евра. Досега не се објавени информации за избраните проекти и распределбата на средствата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…
Мара Кос во Подгорица: Понекогаш се чувствувам…
Понекогаш се чувствувам како овчарка која внимава…
Мерц: Црна Гора е блиску до ЕУ,…
Членството на Црна Гора во Европската Унија…
Британски парламент: Европа не може да смета…
Европејците повеќе не можат да се потпираат…