Објавено на:

Дотогаш ќе умираат Украинци – Шолц: Мировните преговори можат да почнат кога Путин ќе сфати дека не може да победи

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека преговорите за завршување на војната во Украина можат да започнат само кога рускиот претседател Владимир Путин ќе разбере дека нема да победи, дека треба да ја повлече армијата. Тоа е основата за разговорите“, изјави Шолц за Си-Ен-Ен.

Тој рече дека верува оти Украина е „подготвена за мир“. „Ако го погледнете предлогот на Украинците, лесно ќе видите дека тие се подготвени за мир. Нешто треба да се направи, а тоа нешто зависи од Путин“, додаде Шолц.

Запрашан дали има договор за прекин на војната според кој Украина би се согласила да се откаже од контролата врз Крим и дел од источниот регион Донбас, Шолц рече дека таква одлука не може да се донесе без украинската страна.„Нема да носиме одлуки за нив, но ние ќе ги поддржиме“, рече тој.

Си-Ен-Ен го праша Шолц дали ќе го охрабри Киев да се согласи на таков договор, но германскиот канцелар не даде директен одговор.„И кажавме на Украина дека можат да одат на членство во ЕУ. Тие работат на тоа да направат чекор по тоа прашање и мислам дека знаат дека сме подготвени да им дадеме безбедносни гаранции во мирно време, но сè уште не сме стигнале до таму“, рече Шолц, кој разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…