„Доцнеше неколку часа, сите ми се смееја“: Карлсон откри што се случувало пред интервјуто со Путин
Американскиот новинар Такер Карлсон објави снимка од Кремљ по интервјуто со рускиот претседател во која открива дека Путин доцнел неколку часа.
Тој навел дека веројатно ќе му биде потребна една година да сфати што се случило. „Путин не е некој што дава многу интервјуа. Всушност, ниедно, веќе четири години. Не е добар во тоа да се објасни себеси. Паметен е, тоа е не се доведува во прашање“, рекол Карлсон.
Путин во интервјуто на широко зборувал за историјата на Русија и тврдел дека Украина е вештачка држава направена по желбите на Сталин.
Поранешниот водител на „Fox News“, кој стана он-лајн коментатор, во главно се воздржувал од предизвикување на рускиот лидер, чија војна против Украина доведе до смрт на стотина илјади луѓе. Оние очекувале тешко соочување сигурно се многу разочарани од долготрајното и необично интервју, во кое самиот Такер Карлсон понекогаш изгледал изгубено, пишува „CNN“.
Наместо да му врши притисок на Путин за темите кои му се на располагање, вклучувајќи ги обвиненијата дека Русија извршила воени злосторства и го затворила опозицискиот лидер Алексеј Навални, Карлсон му дозволил на Путин слободно да ја раскаже својата верзија од историјата и да манипулира со јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…