Доцни октомвиската плата во Комунална хигиена, работниците се жалат: „Добиваме половина плата и тоа со задоцнување“ – Без плата се и во „Паркови и зеленило“!

t

Доцни исплатата на октомвриската плата во јавното претпријатие „Комунална Хигиена Скопје“, информираат вработени во КХС во порака испратена до Инфомакс.

Работниците наведуваат дека платата која ја добиваат не е целосна и дека се доцни, се уште нема исплатено целосна плата за месец октомври, вработените добиваат половина плата и тоа со задоцнување.

Во продолжение пораката исратена до Инфомакс.

Од комуналното претпријатие до овој момент не одговорија на прашањата на Инфомакс дали е вистина дека платите не се исплаќаат целосно и поради кои причини.

Плата три месеци немаат земено ниту од ЈП Паркови и зеленило. Според информациите на Инфомакс претпријатиедо должи 39,8 милиони денари за плата за октомври и исто толку за ноември.

Вработените во Паркови и зеленило, Флораком и Луна ДООЕЛ претходно протестираа поради неисплатени плати.

Од Сојузот на синдикати на Македонија за Инфомакс ја потврдуваат оваа информација:

– Од страна на СО во ЈП Паркови и зеленило Скопје и ЈП Комунална хигиена Скопје е побарана средба со раководствата на претпријатијата при што во едното претпријатие е остварена таква средба додека во ЈП Паркови и зеленило Скопје се чека назначување на нов директор по што се очекува и нормализирање на состојбата во претпријатието и исплата на плата, а во ЈП Комунална хигиена Скопје е исплатена половина од плата за октомври и се очекува во текот на неделава исплата и на останатата половина од платата.

Синдикатот СУТКОЗ одблиску ја следи состојбата и во наредните денови се очекува работниците заедно со раководствата на синдикалните организации во овие две јавни претпријатија да ги утврдат следните чекори. – велат од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доцни октомвиската плата во Комунална хигиена, работниците…

Доцни исплатата на октомвриската плата во јавното…

Вработените во ЕК бараат скратено работно време,…

Вработените во Европската комисија бараат пократко работно…

ОЈО Кочани ќе се жали за мерката…

Основното јавно обвинителство Кочани ќе вложи жалба…

Рудник „Саса“: Се соочувавме со финансиски загуби…

Рудникот „Саса“ денес одговори на прашањата на…

Минимален К-15 во приватен сектор годинава е…

До крајот на календарската година задолжително ќе…