Доцни октомвиската плата во Комунална хигиена, работниците се жалат: „Добиваме половина плата и тоа со задоцнување“ – Без плата се и во „Паркови и зеленило“!

t

Доцни исплатата на октомвриската плата во јавното претпријатие „Комунална Хигиена Скопје“, информираат вработени во КХС во порака испратена до Инфомакс.

Работниците наведуваат дека платата која ја добиваат не е целосна и дека се доцни, се уште нема исплатено целосна плата за месец октомври, вработените добиваат половина плата и тоа со задоцнување.

Во продолжение пораката исратена до Инфомакс.

Од комуналното претпријатие до овој момент не одговорија на прашањата на Инфомакс дали е вистина дека платите не се исплаќаат целосно и поради кои причини.

Плата три месеци немаат земено ниту од ЈП Паркови и зеленило. Според информациите на Инфомакс претпријатиедо должи 39,8 милиони денари за плата за октомври и исто толку за ноември.

Вработените во Паркови и зеленило, Флораком и Луна ДООЕЛ претходно протестираа поради неисплатени плати.

Од Сојузот на синдикати на Македонија за Инфомакс ја потврдуваат оваа информација:

– Од страна на СО во ЈП Паркови и зеленило Скопје и ЈП Комунална хигиена Скопје е побарана средба со раководствата на претпријатијата при што во едното претпријатие е остварена таква средба додека во ЈП Паркови и зеленило Скопје се чека назначување на нов директор по што се очекува и нормализирање на состојбата во претпријатието и исплата на плата, а во ЈП Комунална хигиена Скопје е исплатена половина од плата за октомври и се очекува во текот на неделава исплата и на останатата половина од платата.

Синдикатот СУТКОЗ одблиску ја следи состојбата и во наредните денови се очекува работниците заедно со раководствата на синдикалните организации во овие две јавни претпријатија да ги утврдат следните чекори. – велат од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…

До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…

Само плата веќе не привлекува вработени –…

Во Словенија, некои работодавци сега се враќаат…

Даниловски за хантавирусот: Не може да „скокне“…

Докторот Драган Даниловски преку социјалните мрежи вели…

Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…

260.000 од 530.000 работници се со плата…

(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…