Минимален К-15 во приватен сектор годинава е 18.141 денар

t

До крајот на календарската година задолжително ќе им легне на сметките на работниците регрес за годишен одмор.

Минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, согласно законот е утврден на 40% од просечната исплатена плата и за оваа година сумата во приватниот сектор е 18,141 денари, додека за јавниот сектор сумата изнесува 12,372 денари.

Согласно законот, работодавците до 31 декември треба да исплатат К-15.

Ако вработените не го добијат законскиот минимум за К15, можат да пријават во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на календарската година, а исплатата на регресот е задолжителна за работодавачите од приватниот сектор и тоа да исплатат на вработените кои кај нив (кај истиот работодавач) работеле најмалку 6 месеци во текот на една календарска година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…

До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…

Минималниот износ за К-15 изнесува 19.116 денари

Од 1 јули компаниите во приватниот сектор…

Само плата веќе не привлекува вработени –…

Во Словенија, некои работодавци сега се враќаат…

(Видео) БЕЗ ПЛАТА НЕМА РАБОТА! Протести на…

Вработените во Македонска Пошта денеска протестираат во…

ЈСП не доби К-15, вработените најавуваат тужба

Вработените на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) 2025-та…