Дојава за бомба во норвешкиот Парламент
Норвешкиот парламент денеска доби дојава за закана со бомба, а зголемено е полициското присуство околу зградата, соопшти полицијата во Осло, јавуваат норвешките медиуми.
Полицијата сега се обидува да открие што се случило, објави „Норвеј Постен“.
-ПСТ (Служба за безбедност) е запознаена со ситуацијата и соработува со полицискиот округ во Осло, изјави за телевизијата НРК, високиот советник на ПСТ, Еирик Веум.
Претставникот за печат на Парламентот за телевизијата НРК потврди дека поради заканата со бомба сите влезови на парламентарната зграда се затворени и никој не смее ниту да влезе ниту да излезе. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…
Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…