Дојава за бомба на аеродромот во Приштина

t

Меѓународниот аеродром во Приштина „Адем Јашари“ во средата наутро добил закана за бомба, соопшти портпаролката на овој аеродром, Валентина Гара. Таа рече дека патниците и персоналот се евакуирани.

„Потврдуваме дека добивме закана за бомба. Патниците и персоналот се евакуирани и се безбедни. Тимовите вклучени во планот за вонредни состојби ги извршуваат своите задачи“, објави Гара.

Косовската полиција потврди дека се работи за закана со експлозивна направа и дека аеродромот е привремено затворен од безбедносни причини.

„Косовската полиција, денеска во утринските часови, добила информација со заканувачки содржина, за експлозивни направи на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Врз основа на овие информации, косовската полиција во соработка и координација со надлежните институции презела итна полициски акции, при што од безбедносни причини привремено го затвори аеродромот. Заради истрага, контрола и безбедносни мерки, ангажирани се соодветни единици, затоа бараме разбирање од сите граѓани“, се наведува во соопштението на полицијата.

Три лета се веќе одложени, се наведува на веб-страницата на аеродромот.

Не е првпат годинава да има аларми за бомби во различни институции во земјава. Во јуни имаше серија лажни тревоги на аеродромот, Универзитетот во Приштина и неколку училишта во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…