Дојава за бомби во 270 училишта во Словачка
Околу 270 основни училишта низ Словачка утринава добија дојава за бомба, изјави словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток.
Помеѓу училиштата кои добиле дојави се и основните училишта во општината Петржалка во Братислава, потврди портпаролката на општинските власти Марија Халашкова.
Полицијата не пронашла експлозив во училишните простории, па учениците по проверка можеле да се вратат во училниците. Во меѓувреме, закана за бомба била испратена во основно училиште во Бернолаково, исто така во регионот на Братислава.
Оваа информација на Фејсбук ја потврди и министерот за образование Томас Дракер.
„Најостро го осудувам овој невиден чин насочен против нашите деца, родители и наставници“, напиша тој на својот профил.
Министерот за образование и порача на јавноста дека состојбата се следи одговорно и дека МВР и полициските сили ја обезбедуваат безбедноста.
Истовремено, словачките министерства за образование и внатрешни работи свикаа заеднички состанок со цел да се реши новосоздадената ситуација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…