Дојава за десетици поставени бомби предизвика паника во Белград: Има и во домовите на Брнабиќ, Вулин, Вучиќ…

t

Ќе продолжиме да ги бомбардираме вашите градови додека не ја направите вистинската работа – се вели во извештајот..

Редакцијата на порталот Телеграф.рс повторно добила електронска пошта во која непознат испраќач наведува дека на повеќе локации во Белград била поставена експлозивна направа.

Е-поштата ја пренесуваме во целост:

„Поставивме бомби на следните локации:

Терминали на аеродромот Никола Тесла

На летовите TK 1080 и FZ 1746

Музејот на Никола Тесла

Белградска тврдина

Музеј на современа уметност во Белград

Старк Арена

Југословенски музеј

Аквариум

Зоолошката градина во Белград

Наследната куќа

Националниот музеј

Руската, белоруската, кинеската, суданската и кубанската амбасада.

Простории на Ер Србија во Белград

Простории на Турски авиокомпании во Белград

Поставивме бомби и на железничките станици во Белград, трговските центри и факултетите.

Поставивме бомби на следните локации:

Универзитет во Белград Студентски трг 1

Унион универзитет – Никола Тесла

Факултет за спорт Народних хероја 30, 1 кат

Факултет за применета екологија – Футура

Рударско-геолошки факултет, Универзитетот во Белград

Универзитетот Сингидунум

Шопинг центар

Парк Бео Авив

Трговски центар ТЦ „Земун Парк“ – Земун

ТЦ „Галерија“ – Белград, Нов Белград

Железничка станица Белград Центар

Железничка станица Дунав

Куќата на Александар Вучиќ

Куќата на Ана Брнабиќ

Куќата на Александар Вулин

Овие бомби ќе експлодираат помеѓу 16 и 18 часот.

Русија е терористичка нација која продолжува да го тероризира светот. Србија ги поддржува и нивниот влез во Европа е дека ние немаме друг избор освен да ѝ држиме лекција на Србија. Ќе продолжиме да ги бомбардираме вашите градови додека не ја направите вистинската работа. Воведовте санкции на Белорусија, а сега воведете ги на РУСИЈА. Нема да не спречите“, се наведува во меилот пристигнат на адресата на Телграф.рс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…

(Видео) Пукна трпението во Горњи Милановац –…

Во знак на протест поради рестрикциите на…

„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека…

Македонски национален совет: Споменикот „Мајка Македонија“ не…

Македонскиот национален совет објави дека иницијативата за…

Грција и Бугаријa против „Мајка Македонија“ во…

Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во…