ДОЈАВИ ИМАЛО ВО 120 УЧИЛИШТА: Лажни се пријавите за поставени бомби
По сите направени проверки во врска со денешните пријави за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје е утврдено дека станува збор за лажни дојави, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се наведува во соопштението.
Изминативе денови на електронските адреси на повеќе основни и средни училишта во Скопје и во Прилеп пристигнаа закани за поставени експлозивни направи, поради што Министерството за образование и наука предложи во оние училишта каде има дојави за бомби наставата да се спроведува онлајн.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…
Цените на нафтата се намалија денеска откако…
Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на…
„Добар ден на сите, би сакал да…
ЈО за отворање случај за Алта банка:…
Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на…
Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…
Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…
Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…